Дома Фудбал Останато Киелини: Неста и Пирло ми кажаа да дојдам во МЛС

Киелини: Неста и Пирло ми кажаа да дојдам во МЛС

После 17 години играње за Јувентус, Џорџо Кјелини одлучи да се проба во американска МЛС лига каде што потпиша за тимот на Лос Анџелес ФК.

На денешната прес-конференција Киелини откри дека Андреа Пирло и Алесандро Неста го советувале да се пресели во МЛС.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Апсолутно сум задоволен што го избрав овој клуб за себе во овој момент. Пред одлуката разговарав со Андреа Пирло и Алесандро Неста, а тие претходно ми рекоа дека треба да дојдам во МЛС“, изјави Кјелини, а потоа продолжи:

„Очигледно е дека има разлики. Фудбалот се игра поинаку од оној во Серија А, но секој тим има свој стил. Овој тим е совршен за мене бидејќи има многу млади играчи. Нивниот младешки ентузијазам и моето искуство се совршена мешавина за напредок на клубот“, заклучи Кјелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Болна ноќ за Интер: Мајами поразен пред своите гледачи од Орландо

Лионел Меси и екипата доживеаја катастрофален пораз пред домашната публика. Орландо демонс…