Денес во Италија се игра финалето во купот помеѓу Јувентус и Интер, а дефанзивецот на „старата дама“ Џорџо Киелини соопшти дека одлуката за неговата кариера ќе ја соопшти после овој натпревар.
Киелини беше запрашан дали разговарал со претседателот Андреа Ањели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се што сакам сега е да бидам сконцентриран на натпреварот и на фудбалот. Можев да се повлечам еден ден после финалето на Европското првенство. Можеби и немаше да бидам таму ВАР да не го поништеше голот на Австрија. Ајде нека помине овој натпревар, па потоа ќе зборуваме на други теми“.
Зборуваше Киелини и за вредноста на Јувентус.
„Јувентус има големи вредности кои не сум ги создал јас, туку само ги научив. Кога ќе дојдете тука ја сфаќате разликата во однос на другите клубови. Алегри беше во Милан и може истото да ви го каже. Менталитетот на Јувентус го научив од Дел Пиеро, Буфон, Песота и Бириндели кои тоа го научија од другите легенди во минатото“, изјави 37-годишниот Киелини.
Киелини играше за Ливорно и Рома пред во 2004 година да дојде во Јувентус со кој освои девет Скудета во низа во Серија А.
„Сетете се дека ништо не освоив од 2006 до 2012 година, но овој тим повторно ќе освојува трофеи. Тоа е во историјата на на Јувентус, иако ќе биде тешко да се освојат толку титули во низа во Серија А повторно. Доминацијата која ја имавме ние е можна во Германија или Франција каде што еден клуб доминира. Ако Интер и Милан продолжат да растат конкуретноста ќе биде поголема во Италија“, смета Киелини.