Дома Фудбал Италија Киелини знае зошто Калдара е пуштен да замине – поради Роналдо!

Киелини знае зошто Калдара е пуштен да замине – поради Роналдо!

chielini

Џорџо Киелини смета дека Кристиано Роналдо е „виновникот“ што Матија Калдара заврши во Милан.

Долгогодишниот стопер на „старата дама“ е севен дека клубот бил приморан да се откаже од некои играчи поради издвојувањето голема сума за Роналдо. Жртвите очигледно беа Гонзало Игуаин и Матија Калдара кои завршија во Милано.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако се надеваше дека ќе добие шанса во Јувентус после позајмицата во Аталната, талентираниот Калдара беше разменет со Леонардо Бонучи кој се врати во Торино.

„Калдара овде сосема добро работеше. Поседува се што треба за да израсне во квалитетен стопер и достоен да го носи дресот на Јувентус. Сепак, разбирам дека ситуацијата го примора клубот да се одлучи на таков потег. Со тешко срце Јуве мораше да го пушти да замине“.

„Се беше спремно за Калдара, но динамиката на трансфер пазарот, посебно трансферот на Роналдо мораше да донесе некои жртви. За жал Матија се најде во таа ситуација. Калдара е навистина добро момче и можеше да остане со нас долги години. Ќе се трудам да му помогнам иако не е наш играч“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…