Ветеранот Џорџо Киелини како и што се најавуваше ќе си замине од Јувентус на крајот на оваа сезона, Киелини заминувањето го потврди после вчерашното финале во Купот на Италија кое Јувентус го загуби од Интер после продолженија.
Киелини порача дека во понеделник кога Јувентус ќе игра дома против Лацио ќе се збогува од фановите на Јувентус на домашен терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зад нас имаме 10 неверојатни години, сега треба момците да продолжат. Направив се што можев и се надевам дека оставив нешто. Во понеделник ќе се збогувам од фановите на Јувентус на стадионот, потоа ако ми останало уште малку сила можеби ќе играм и во Фиренца“.
„Оваа одлука е 100% мој избор, среќен сум што заминувам на така високо ниво. Дадов се од себе и ќе бидам најголем навивач на Јувентус откако ќе заминам. После толку години во клубот не можете да не го засакате“, изјави Киелини.