Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини порача дека Џанлуиџи Буфон и тој никогаш не би правеле проблем околу новиот договор.
Договорите на клупските легенди истекуваат на крајот од сезоната и во овој момент со нив се преговара за нови. Италијанските медиуми пишуваа дека поради тоа постои проблем на релација клуб – играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во текот на репрезентативната пауза претставено е како да има проблем околу нашите договори. Но тој проблем го прават медиумите, во реалноста нема ништо. Јас и Буфон никогаш не сме биле проблем и нема да бидеме“, јасно порача капитенот на Јувентус.
Киелини порача и дека никогаш не би играл за друг клуб во Италија или Европа.
„Никогаш не би играл во друг дрес во Италија или Европа. Тоа не е опција“, истакна Киелини.