Веќе шест години наназад Андреа Брзаљњи, Леонардо Бонучи и Џорџо Киелни го сочинуваат последениот бедем пред Џанлуиџи Буфон.
Некогаш и во Јувентус, денес само во репрезентацијата на Италија. Во петок Италија се соочува со Шведска во баражаот за пласман на Мундијалот во Русија и никој не се загрижува што одбраната на Италија заедно има 99 години, загрижени се што нивни наследници скоро и да нема.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Киелни, некрунисаниот „крал“ на италијанската одбрана смета дека знае зошто е тоа така, Иако неговите зборови веројатно нема да им се допаднат на многумина, дефанзивецот во интервјуто за „Газета Дело Спорт“ беше сурово искрен.
„Поради „Гвардиолизмот“ (стилот на игра кој го наметнува Пеп Гвардиола). Да, Гвардиола упропасти многу централни дефанзивци во Италија. Денес сите сакаат да ја градат играта, а никој не знае да маркира играч. Ние во Италија никогаш нема да ја имаме шпанската тика-така. Тоа едноставно не е во нашата филозофија“, зборуваше Киелни.
И навистина фудбалот не е исклучок од новите трендови. Глобализацијата избриша некогаш претходно непроценливи вредности. Некогаш се знаеше, островјаните играат на долги топки, Италијаните катанаџо… Денес се е измешано.
„Сега во Италија се зборувам дека ни недостасува чистокрвен голгетер, но мислам дека добро би ни дошле и неколку квалитетни одбранбени фудбалери. Потребна ни е здрава желба да се бара конткат, да се почуствува ривалот“, заврши Килени.