Во првиот натпревар за денеска во англиската Премиер лига Тотенхем го совлада ВБА со 2:0.
Спарси имаа три порази во низа, а ВБА беше идеална прилика да се вратат на победничката стаза и да се вратат во борба за позиција која води во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Враќањето на Хари Кејн го раздвижи Тотенхем, а токму англискиот репрезентативец во текот на целиот натпревар беше најопасен кон голот на ВБА.
Гостите го издржаа притисокот на Тотенхем во првите 45 минути, но попуштија во првите 15 минути од второто.
Кејн во 54. минута погоди за 1:0, а само четири минути подоцна Лукас му асистираше на Сон, на кој не му беше тешко да постигне гол.
Тотенхем е на седмата позиција на табелата со 36 бода, а во следното коло му гостува на Манчестер Сити, додека претпоследниот ВБА бодови за спас ќе бара против Манчестер Јунајтед на домашен терен.