Дома Фудбал Англија Кејн: Го имаме најдобриот англиски тим на сите времиња – во Германија сме по пехарот!

Кејн: Го имаме најдобриот англиски тим на сите времиња – во Германија сме по пехарот!

На последното Европско првенство Англија стигна до финалето, но таму беа поразени од Италија, а сега се убедени дека во Германија може да станат шампиони.

Капитенот Хари Кејн кој иако не освои трофеј со Баерн во изминатата сезона индивидуално имаше одлична сезона. Напаѓачот е подготвен да ја предводи Англија и не крие дека има голем мотив да дојде до трофејот.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


„За мене најголема чест е да се биде капитен на Англија, тоа е едно посебно чувство. Чест ми е што четврти пат ќе бидам капитен на едно оглемо натпреварување. Игравме полуфинале, финале, четвртфинале…сега се надевам дека ќе дојдеме до крајот. Не гледаат како фаворити и таквиот статус го обезбедивме со настапите на претходните турнири.

Знаеме дека никогаш не сме победиле на едно Европско првенство и тоа ќе ни биде мотив повеќе. Сигурно ќебиде тешко. Јас искрено се надевам и верувам дека оваа екипа што ја имаме можеби е најдобрата на сите времиња. Тимскиот дух е извонреден. Дојдеми се да станеме шампиони“,изјави Кејн.

Првиот натпревар на Европското првенство, Англија ќе го има в недела против Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА отвори постапка и против Србија: Еве што се истражува

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот со…