Хари Кејн се надева дека Англија вечерва ќе го освои својот прв трофеј на европските првенства и втор на големите натпреварувања после Светското првенство во 1966 година.
Англија на „Вембли“ ќе игра финале на Еуро2020 против Италија и напаѓачот на Тотенхем верува дека тоа ќе биде идеално место за освојување на вториот трофеј.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Финале против Италија? Играњето на „Вембли“ ја прави приликата уште подобра. Нашите навивачи ќе бидат тука да ни дадат поддршка, а енргијата сигурно ќе биде неверојатно. Нема подобро место од „Вембли“ за освојување на вториот трофеј. Возбудувањето ќе биде огромно, но и напнатоста исто така. Само треба да излеземе и да ја извлечеме енергијата од стадионот“.
Италија е без пораз 33 натпревари во низа.
„Ќе биде навистина тешко. Италија е еден фантастичен тим. Имаат неверојатна историја и освојуваа важни трофеи. Тие се силен тим и имаат квалитетни поединци. Но имаме квалитет и ние да дојдеме до победата. Мораме да бидеме насочени на себе и да го задржиме менталитетот од претходните натпревари“.
Голем предизвик за Кејн ќе биде тандемот Киелини – Бонучи.
„Ако сакате да бидете помеѓу најдобрите напаѓачи тогаш морате да играте против најдобрите, а така ќе биде во недела“, истакна Кејн.