Франк Кеси оваа сезона игра фантастично во дресот на Милан и се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.
Иако минатиот месец наполни 24 години, Кеси веќе неколку години игра на високо ниво и веќе се чуствува лидер во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истакна дека главна цел на Милан оваа сезона е пласман во Лигата на шампиони, но тврди дека „росонерите“ можат да го освојат Скудетото.
„Веруваме дека можеме да ја освоиме титулата, но исто така наша цел е и да се пласираме во Лигата на шампионите. Купот на Италија исто така е важно натпреварување кое сакаме да го освоиме, се бориме за сите трофеи оваа сезона. Во овој клуб сум доволно долго и се чувствувам како лидер“, истакна Кеси, кој потоа му испрати порака на Ибрахимовиќ.
„Среќен сум што Ибра ми даде шанса да ги изведувам пеналите, но ако сака да шутира повторно, може кога сака“.