Кениецот Емануел Корир денес победа на финалната трка на 800 метри на ЛОИ во Токио.
Корир со оваа победа ја продолжи доминацијата на Кенија во оваа дисциплина и трката ја заврши со време од 1:45.06 минути. Зад него заврши неговиот сонародник Фергусон Ротич, а бронзата отиде кај Патрик Добек од Послка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дебакл во оваа трка доживеа Американецот Клејтон Марфи кој остана без медал иако пред трката важеше за голем фаворит. Босанецот Амел Тука не успеа да освои историски медал за БиХ и заврши како шестопласиран.
Пред Корир во оваа дисциплина победи Дејвид Рудиша, па така Кенија само ја продолжи доминацијата. Тие четири пати во низа го освојуваат златото во оваа дисциплина.