Некогаш го носеше дресот на ЦСКА Москва и Милан…
Jaпонскиот репрезентативец и своевремено ас на Милан продолжува да ги менува континентите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После епизодата во мексиканската Пачука, „Самурајот“ кариерата ќе ја продолжи во Австралиската „А“ лига каде што ќе настапува за тимот на Мелбурн Виктори.
Хонда со овој клуб потпиша едногодишен договор вреден вкупно три милиони долари.
Јапонецот водеше долги преговори, за на крајот се да биде потврдено. Дел од трансферот на Хонда (1.6 милиони долари) ќе биде финансиран и од Фудбалската Федерација на Австралија.
Во оваа земја сметаат дека доаѓањето на ваков фудбалер кој е добро познат во светскиот фудбал ќе биде одличен потег, пред се во популаризацијата на фудбалот во оваа земја.