Кевин Де Брујн на лето ќе добие „неверојатна“ и многу богата понуда од неименуван саудиски клуб кој ќе му понуди договор до 2027 година, тврди италијанскиот новинар Николо Шира.
Де Брујн е еден од најдобрите фудбалери во светот и неговиот договор со Манчестер Сити има важност до 2025 година. Вредноста на „Трансфермаркт“ му изнесува 60 милиони евра, но јасно е дека тоа е сума за која Манчестер Сити нема да го пушти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија минатата година ги презема најголемите четири клуба во оваа земја: Ал Итихад, Ал Хилал, Ал Наср и Ал Ахли.
Од тој момент бројни фудбалски ѕвезди од Европа за богати понуди се преселија во Саудиска Арабија. Прв беше Кристијано Роналдо, а по него следуваа: Канте, Рубен Невес, Брозовиќ, Бензема…
Де Брујн сезонава имаше проблеми со повредите и запиша само 12 настапи. Сепак и тоа му беше доволно за да стигне веќе до 12 асистенции и два гола за тимот предводен од Пеп Гвардиола. Од кога е во Сити освои 17, претходно освои два со Волфсбург и три со Генк.
На индивидуален план најголем успех му е третото место во изборот за „Златната топка“ во 2022 година кога беше зад победникот Бензема и Садио Мане.