Кристиано Роналдо ова лето како што е познато од Реал Мадрид се пресели во Јувентус и одлично го започна предизивикот во Италија.
Поради пристигнувањето на Португалецот од својот омилен број „7“ мораше да се откаже Колумбиецот, Хуан Квардадо, кој без проблем му го подари бројот на својот нов соиграч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Квардадо сега во интервју за „Марка“ открива дека е изненаден од нормалноста на Роналдо на тренинзите и истакна задоволство што има прилика да тренеира со таков професионалец секој ден.
„Навистина бев изненаден од тоа што тој е сосема нормална личност и се однесува нормално кон сите соиграчи. Привилегирани сме што можеме да го гледаме секој ден. Се однесува како обичен човек, иако е неверојатен фудбалер и спортист кој освои се што може да се освои. Одлично се согласуваме и создадовме добро пријателство, се зближи со сите во тимот. За краток период стана пријател со сите во соблекувалната“, откри Квардадо.