Дома Фудбал Квалификации за ЕП: Тежок пораз на БиХ во Луксембург, Црна Гора подобра од Литванија

Квалификации за ЕП: Тежок пораз на БиХ во Луксембург, Црна Гора подобра од Литванија

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина доживеа тежок пораз во квалификациите за ЕП 2024 на гостувањето во Луксембург.

Луксембург ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина во групата Ј со убедливи 4:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Португалија очекувано го совлада Лихтенштајн со 2:0 на гостински терен, а Словачка со 4:2 го совлада Исланд и со тоа го потврди пласманот на ЕУРО, исто како што тоа го направи Португалија претходно.

Португалија има максимални 27 бода од девет одиграни натпревари, а Словачка е втора со 19.

Луксембург собра 14 бодови, Исланд има десет, Босна и Херцеговина е петта со девет бодови, а Лихтенштајн е на дното на табелата без бодови.

Избраниците на Милошевиќ во недела во Зеница во последното коло од квалификациите ќе играат против Словачка.

Фудбалската репрезентација на Црна Гора ја совлада репрезентацијата на Литванија во Подгорица со резултат 2:0 во натпреварот од групата Г.

Избраниците на тренерот Миодраг Радуловиќ со третиот триумф ги задржаа теоретските шанси за пласман на шампионатот.

На црногорската репрезентација и е потребна победа во Унгарија и пораз на Србија од Бугарија во последното коло в недела за пласман на ЕП.

Во вториот натпревар од групата Г, Бугарија и Унгарија одиграа 2:2 во Софија, а бодот од тој натпревар и беше доволен на Унгарците да обезбедат пласман на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека цела земја славеше, после полноќ пристигна најлошата вест за Един Џеко

Додека цела Босна и Херцеговина се радува на една од најзначајните победи во нејзината фуд…