Дома Фудбал Катастрофална вест за Барса: Заврши сезоната за Самуел Умтити?!

Катастрофална вест за Барса: Заврши сезоната за Самуел Умтити?!

Изненадувачкиот пораз од Леганес кој на Барселона и се случи во средата навечер во Мадрид не е најлошото што можеше да му се случи на тимот на Валверде.

Освен без трите бода Барсело на тој натпревар остана и без услугите на Самуел Умтити. И тоа на неколку месеци!

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од Шпанија пристигнуваат информации дека Французинот заработил тешка повреда на коленото и го очекува повеќемесечна пауза. Што значи дека за него сезоната можеби е и завршена. Дури и да се опорави во финишот, не би бил во најдобра форма за да им помогне на соиграчите.

Не треба да се трошат зборови за тоа колку Умтити е важен за тимот на Ернесто Валверде. Се работи можеби за стоперот со најдобра форма во овој момент, со оглед на тоа како игра Пике во последно време.

Валверде на располагање покрај Пике има уште двајца стопери. Новајлијата Ленгле и Вермален во кој веќе подолго време никој нема доверба.

Французинот полека се вклопува и прашање е дали е спремен да го изнесе поголемиот дел од сезоната. Од друга страна Вермален е склон кон повреди, а и кога е здрав често прави киксови.

Ако се повредат лошите очекувања дека Умтити ги скинал лигаментите на коленото, следи операција и повеќемесечна пауза. Што значи дека Барса во зимскиот преоден рок ќе мора да ангажира стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта ги израдува навивачите, ставен е потписот на еден од најважните договори во Барса – клаузулата е пола милијарда евра!

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, денеска официјално објави дека го продо…