Катарските сопственици на Пари Сент Жермен размислуваат драстично да ги намалат вложувањата во клубот, пренесува еминентниот „Паризиен“.
„Паризиен“ пишува дека катарските сопственици размислуваат за напуштање на ПСЖ или драстично намалување на вложувањето што ќе предизвика до тектонски пореметувања во европскиот фудбал.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Катар Спортс Инвестментс (КСИ) од 2011 година има сериозни вложувања, но освен титулата во шампионатот на Франција, успесите на меѓуанордна сцена никако да дојдат. Токму поради тоа катарската корпорација се одлучила на ваков потег.
Катарските газди сакаат да останат во фудбалот бидејќи сметаат дека тоа е најпопуларниот начин на кој можат да бидат забележани во Европа, но подготвени се да ја променат земјата, да го остават ПСЖ и да инвестираат во клуб од Англија, Италија или Шпанија.
Доколку се случат предвидувањата на „Паризиен“, тоа ќе значи и големи кадровски промени во клубот, па и заминување на најголемите ѕвезди, Нејмар и Мбапе.
Тоа сигурно ќе биде голем удар и за Франција. Само од данок минатата година ПСЖ на државата и исплати 169 милиони евра, а вкупните вложувања на Катар во клубот од 2011. година надмина милијарда и пол евра.
Шпекулациите се се погласни дека Тамим бин Хамад Ал-Тани веќе одбрал нов клуб. Тоа е италијанскиот прволигаш Рома и се очекува тоа да биде новиот голем проект на оваа држава.