Дома Трансфер зона Каталонците го враќаат Хулк во Европа

Каталонците го враќаат Хулк во Европа

Поранешниот репрезентативец на Бразил, Хулк, одамна е надвор од центарот на вниманието на светската фудбалска јавност. Поточно, од 2016 година кога реши да замине во Кина.

Сепак, сега се шпекулира дека напаѓачот, познат по неговиот разурнувачки удар, би можел да се врати во Европа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Шпански „Диарио Спорт“ пишува дека Еспањол има желба да го врати Хулк во Европа, на позајмица која ќе трае до крајот на сезоната.

Инаку, 33-годишниот Хулк минатата сезона одигра 37 натпревари за Шангај СИПГ и постигна 17 голови.

Сопственикот на каталонскиот клуб, Кинезот Чен Јаншенг, наводно е во одлични односи со клубот на Хулк, и ќе се обиде да го реализира овој трансфер во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Овој човек вреди повеќе од Исак: Ливерпул откри „генерациски талент“

Ливерпул го освои домашното првенство минатата сезона, но Арне Слот не изгледа како некој …