Поранешниот голман на шпанската фудбалска репрезентација 38 годишниот Икер Касиљас потврди дека ќе се кандидира за претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз на изборите најавени за оваа година.
„Да ќе се кандидирам за претседатал на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Заедно ќе го поставиме нашиот сојуз на ниво да биде најдобар во светот“, порача Касиљас преку Твитер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Инаку, се споменуваше дека Касљас може да се врати на терените, сепак тоа до сега не се случи. Залениот терен легендарниот голман го замени со канцеларијата во Порто. Во овој момент тој е менаџер на Порто и негова задача е воспоставување на односи помеѓу играчите, тренерот и клупските директори.
Sí, me presentaré a la Presidencia de la @RFEF cuando se convoquen las elecciones. Juntos vamos a poner nuestra Federación a la altura del mejor fútbol del mundo: el de España. #IkerCasillas2020 pic.twitter.com/kHkBChqh4m
— Iker Casillas (@IkerCasillas) February 17, 2020
Кога е претседателската функција во Шпанија во овој момент на таа позиција е Рубиалес кој во 2018 година го замени 68 годишниот Анхел Виљар кој беше обвинет за корупција.