Легендарниот шпански голман Икер Касиља ќе потпише нов договор со Порто, пренесува добро информираната „Марка“.
Иако во претходните месеци се шпекулираше со негово заминување во САД, по се изгледа 38-годишниот голман и наредната сезона ќе остане во португалскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека Касиљас во Порто ќе остане и следната сезона, бидејќи неговите настапи оваа сезона ги убедиле челниците на клубот да му понудат договор на уште една сезона.
Касиљас е легенда на Реал Мадрид, но во јули 2015 година се пресели во Порто и веќе четири сезони го носи дресот на португалскиот клуб.
Шпанскиот голман освои се што можеше да се освои во фудбалот. Со Реал Мадрид освои пет титули во Примера, два Купа и три пати ја освои Лигата на шампиони, меѓу другото.
Со шпанската репрезентација го освои Европското првенство во 2008 и 2012 година, како и Светското првенство во 2010 година.