Бразилскиот фудбалер Касемиро беше незадоволен во саботата од свирежите на сметка на својот соиграч Герет Бејл и поради тоа јавно ги искритикува навивачите на „кралевите“.




Велшанецот на лето ќе го напушти клубот, а Бејл не е омилен помеѓу фановите веќе подолго време. Пред натпреварот против Гетафе во саботата навивачите на Реал го исврикуваа неговото име, а Касемиро им испрати јасна порака.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Не ми се допаѓаа свирежите кон Бејл, тој е легенда на клубот. Кога му свирите на него, свирите на цела историја на клубот. Навивачите треба да бидат тука за да не поддржат“, изјави Касемиро.




Ќе потсетиме Реал вечерва го пречекува Челзи во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.