Дома Видео Касемиро во стилот на Бускетс во конкуренција да добие Оскар за глума

Касемиро во стилот на Бускетс во конкуренција да добие Оскар за глума

Реал Мадрид тешко стигна до победата во дуелот против Леванте. Кралевите одиграа лош натпревар, но на крајот дојдоа до трите бода.

Овој натпревар го одбележаа неколку спорни моменти, и дури два пенала за Реал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Посебно дискутабилен беше вториот, кој на крајот им ја донесе победата на гостите.

Касемиро беше во центарот на вниманието со маестралното глумење удар кој не го доби, а судијата одлучи да досуди најстрога казна.

Тоа не му помина покрај бројните фоторепортери, кои го снимаа како лежи и потајно чека одлука на судијата, иако при паѓањето одглуми тешка повреда.

Дефинитивно за овој потег може да добие Оскар, а нешто слично направи и Бускетс со Барселона во полуфиналето во ЛШ против Интер во 2010. година.

И на двајцата им успеа, што токму тоа е најважно…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …