Дома Фудбал Италија Касано: Интер ќе го освои Скудетото

Касано: Интер ќе го освои Скудетото

Антонио Касано во јавноста зборуваше за новата сезона во Серија А и според него Јувентус кој долги години доминира ќе има проблем оваа сезона.

Поранешниот напаѓач на Интер и Рома во една италијанска емисија ги истакна своите очекувања и за него Интер е фаворит за Скудетото.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Касано како главна причина поради која го смета Интер за фаворит го истакнува Антонио Конте кој го превзема клубот ова лето.

„Ми се допаѓа како работи Конте и знам дека на Јувентус ќе му биде тешко да ја одбрани титулата. Конте со себе на Интер му носи дополнителни 15 бодови. Освен тоа Интер одработи одличен преоден рок и верувам дека тие ќе го освојат Скудетото“, изјави Касано, а потоа го пофали и Наполи.

„Наполи исто така е клуб кој ми се допаѓа, Лозано е одличен фудбалер. Јувентус вложи многу во Де Лихт и очекуваат тоа да им се исплати. Игуаин во кариерата постигна 350 гола и мислам дека ќе биде стартер, а Дибала ќе мора да почне да се однесува во како еден напаѓач, во спротивно очекувам да го напушти Торино“, смета контроверзниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историски момент: За првпат употребено правилото на Венгер – еве како изгледаше (Видео)

Фудбалскиот свет е сведок на можни историски промени кои би можеле да имаат значителен имп…