Дома Останати Кошарка Кармело Ентони пред потпис со новиот клуб!

Кармело Ентони пред потпис со новиот клуб!

Како што пренесуваат американските медиуми, Кармело Ентони сепак нема да остане без клуб идната сезона бидејќи за него наводно голем интерес покажал тимот на Бруклин Нетс.

Нетси ова лето останаа без најдобриот играч Д’Aнџело Расел кој го засили тимот на Голден Стејт, но во своите редови ги доведоа Дурант и Ирвинг.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Наводно овој двоец извршил дополнителен притисок на управата на Нетси да го доведат Ентони кој е еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата. Мело во минатата сезона одигра само 10 натпревари за Хјустон со просек од 13.4 поени и 5.4 скокови по натпревар после што падна во немилост на тренерот Мајк Д’Eнтони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивач влета на теренот, Јокиќ „бегаше“ на страна: Хаос на натпреварот помеѓу Денвер и Клиперс (Видео)

Натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс во еден момент се претвори во висти…