Дома Останати Кошарка НБА Кари стана најдобриот тројкаш во историјата на НБА, Бруклин го доби Торонто! 🎥

Кари стана најдобриот тројкаш во историјата на НБА, Бруклин го доби Торонто! 🎥

Во изминатата вечер во НБА лигата на програмата беа само три натпревари.

Лидерот на Истокот Бруклин Нетс се помачи но сепак дојде до победа против Торонто со 131:129. Кевин Дурант го предводеше својот тим со 34 поени, 13 скока и 11 асистенции, така беше најзаслужниот за 20. победа на Бруклин оваа сезона. Зад него следеше Милс со 30 поени, додека кај Торонто Ван Влит беше најефикасен со 31 поен.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Голден Стејт исто така нема намера да го препушти првото место на Западот и вчера ги совладаа Њукорк Никси со 96:105. Стеф Кари постигна 22 поени, а со тоа стана најефикасниот тројкаш во историјата на НБА лигата со погодени 2974 тројки. Зад себе тој ги остави Реј Ален и Реџи Милер.

Во третиот меч Портланд после продолженија го доби Феникс со 107:111, а поради коронавирусот беше откажан мечот меѓу Чикаго и Детроит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …