Дома Фудбал Останато Кариус: Сакам луѓето да ги потсетам колку бев добар во Мајнц

Кариус: Сакам луѓето да ги потсетам колку бев добар во Мајнц

Лориус Кариус новата сезона ќе ја помине на позајмица во Унион Берлин и повторно нема да биде во Ливерпул.

Јирген Клоп повеќе не смета на него, а најголема причина за тоа што кариерата на Кариус тргна во надолна линија е неговиот настап во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога беше трагичар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После преминувањето во Унион Берлинг во разговор за новинарите раскажа како изгледал неговиот последен разговор со Клоп.

„Имавме одличен однос и никогаш немаше проблем помеѓу нас. Тој е еден од најдобрите во светот и за тоа зборуваат резултатите кои ги имаше. Ми кажа дека доаѓањето во Берлин е добро за мојата кариера затоа што на сите ќе имам прилика да им покажам колку сум добар. Сакам луѓето да ги потсетам на тоа колку добар бев во Мајнц“, изјави Кариус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лихтенштајн беше лесен залак: Македонија со „петарда“ го декласира ривалот во Скопје (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација со убедлива и рутинска игра го совлада Лихтенштајн с…