Германскиот голман Лорис Кариус е пред враќање во Премиер лигата.
Кариерата на Кариус тргна во надолна линија после финалето кое Ливерпул го загуби од Реал Мадрид со 3:1. Германецот беше виновник за два од трите гола на „кралевите“, подоцна беше потврдено дека играл со потрес на мозокот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од тоа лето 2018 година следуваат негови позајмици. Прво беше во Бешикташ две години, па во Унион Берлин за кон крајот на ова лето да му истече договорот. Сега се најавува негово враќање на Островот.
Наводно, искусниот голман е блиску до договор со Њукасл. Кон крајот на преодниот рок Њукасл остана без Дубраква кој премина во Јунајтед. Јасно е дека Њукасл сака да го доведе Кариус да биде втор голман и резерва на Ник Поуп.