Турската ѕвезда, Мерве Ташкин им откри на медиумите дека се запознала со новиот голман на Бешикташ, Лорис Кариус.
Кариус имаше лоша сезона на приватно ниво и мораше да си оди од Ливерпул по доаѓањето на Алисон, а неговиот нов клуб е Бешикташ. Веќе неколку недели во Истанбул и не му требаше многу време за да го „нападнат“ припадниците на понежниот пол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мерве Ташкин вели дека неодамна го запознала Кариус. Таа откри дека се спријателиле на социјалните мрежи и дека потоа почнале да се допишуваат на „WhatsApp“, а како шлаг пристигнала средбата во живо.
„Се започна со твит, потоа започнавме да разговараме на социјалните мрежи по час или два, а мислам дека тој сака да ми верува и сакав да разговараме на некои доверливи места. Му дадов број, по WhatsApp се сретнавме и во живо следните денови“, откри турската убавица.
Таа не ги кажа деталите од нивното дружење, но веројатно и тој и таа уживаат.