Дома Фудбал Останато Кариус за пораките по финалето: Кога некој би ги прочитал не би заспал два дена

Кариус за пораките по финалето: Кога некој би ги прочитал не би заспал два дена

Пред две години Лорис Кариус беше најголем трагичар во светот на фудбалот. Благодарение на неговите грешки Ливерупл го изгуби финалето од Реал.

На тој натпревар германскиот голман заработи потрес на мозок после сударот со Рамос, но ниту тоа не помогна да се смири бесот кај навивачите на Ливерпул. Некои дури му се заканувале и по животот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Имав смртни закани, но не ги сфаќав сериозно. Тие луѓе се јавуваат анонимно не си го покажуваат лицето. Сите ние фудбалери сме добиле некогаш такви пораки. Кога некој би ги прочитал моите пораки мислам дека не би спиел два дена“.

„Не можам да ги обвинам навивачите кои ми свиреа. Професиналец сум и морам да знам тоа да го поднесам. Меѓутоа навредите и заканите по живот се премногу. Не можам да верувам како луѓето можат да бидат толку лоши кон некој кој играл повреден“, изјави Кариус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Елмас: Даваме сè од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца во Македонија

Македонската фудбалска репрезентација имаше вечер за паметење на Националната арена „Тодор…