Дома Фудбал Англија Карагер удри по Погба: Тој е срам за Јунајтед, треба да го избркаат

Карагер удри по Погба: Тој е срам за Јунајтед, треба да го избркаат

Легендарниот англиски дефанзивец, Џејми Карагер денес работи како стручен коментатот и не штедеше зборови во критиките кон Пол Погба.

Карагер смета дека Погба е срам за Јунајтед и дека клубот од „Олд Трафорд“ треба што е можно побрзо да се ослободи од него.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Менаџерот на Погба, Мино Раиола кажа дека неговиот агент завршил со Јунајтед. Погба не е задоволен со неговиот статус во клубот и во следниот преоден рок најверојатно ќе си замине.

„Ослободете се од него, ви го зборувам тоа веќе 12 месеци. Тој е преценет фудбалер. Мислам дека ова е срамота. Менаџерите во денешно време не се само менаџери, тие се родители, најдобри пријатели, финансиски советници… Тие двајца имаат токму таков однос. Тој е најдобриот пријател на Погба, што значи дека Погба многу добро знае какви изјави Раиола може да даде во јавноста. Доколку тоа не е така, сега треба да му даде отказ на Раиола“, смета Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Слот, пред дербито остана без клучен играч

По завршувањето на репрезентативната пауза, тимовите од Премиер – лигата влегуваат во клуч…