Манчестер Сити синоќа за прв пат стана европски првак, а капитенот Илкај Гундоган и херојот на натпреварот Родри дадоа изјави по натпреварот и од нив јасно може да се заклучи дека се свесни дека се можело да оди на страната на Интер.
Синоќа во Истанбул се одигра финалето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер, а англискиот тим победи со 1:0 со голот на Родри во 68. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на „Граѓаните“ Илкај Гундоган призна дека неговиот тим одиграл лошо во првото полувреме.
„Тоа е нешто неверојатно, тешко е да се каже со зборови! Ние сме многу среќни, сè уште можеме да сватиме што се случи. Испишавме историја.
Тоа е финале во Лигата на шампионите, беше јасно дека ќе биде тешко и за двете екипи. Не бев најдобар во првото полувреме. Иако имавме неколку добри шанси за гол.
Знаевме дека треба да бидеме подобри во вториот дел и тоа го направивме. Веројатно тоа беше 50-50% натпревар и еден гол ја направи разликата, како што често се случува во финалињата. Се чувствуваме многу среќни што ова финале заврши во наша корист.
Знаев дека сите ќе зборуваат за тројната круна, особено по финалето на ФА Купот. Притисокот беше тука, но мислам дека овој тим е изграден да се справи со притисокот на најдобар можен начин. Го направивме тоа“, изјави Илкај Гундоган.
Херојот на тимот на Манчестер Сити, Родри, одржа искрен говор и ја истакна скромната игра од првото полувреме.
„Возбудливо. Остварен сон. Сите овие навивачи овде чекаа толку многу години. Тие го заслужија трофејот, ние го заслуживме. Бевме толку блиски во последните неколку години. Само сакам да им се заблагодарам на сите, бидејќи тоа не беше лесно.
Каков тим имавме, начинот на кој се бранат и контранападат! Дадовме се. Не бевме добри во првото полувреме, игравме лошо, но финалето е такво. Не можете да очекувате да играте толку добро како секогаш. Има емоции и нерви. Сега сакаме повеќе, имаме многу амбиции. Овој момент никогаш повеќе нема да се повтори, затоа заслужуваме да славиме. Сакаме да се бориме за титулата и следната година“, изјави Родри.