Дома Фудбал Капело: Реал нема да има проблеми, Атлетико и Барса многу ќе патат

Капело: Реал нема да има проблеми, Атлетико и Барса многу ќе патат

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело смета дека неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид е единствениот клуб кој нема да има финансиска криза ниту поради пандемијата.

Клубовите ширум Европа би можеле да имаат последици бидејќи пандемијата откажа многу натпревари, па така го нема приходот од влезниците, а исто така се затворени и клупските продавници.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, Капело смета дека Реал нема да има проблеми, за разлика од Атлетико Мадрид и Барселона. Славниот тренер зборуваше конкретно за Шпанија.

„Ми изгледа дека во Шпанија (економски) единствен тим кој нема да има проблеми со пандемијата е Реал Мадрид. Барселона и Атлетико многу ќе патат“, изјави Капело за „Газета дело Спорт“.

Капело Реал Мадрид го водеше во две различни фази и на два пати ја освојуваше Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…