Дома Фудбал Англија Кантона потврди: Се понудив на Манчестер Јунајтед, но ме одбија

Кантона потврди: Се понудив на Манчестер Јунајтед, но ме одбија

Ерик Кантона важи за вистинска легенда на Манчестер Јунајтед и помеѓу фановите важи за еден од најдобрите фудбалери кои го носеле овој дрес.

Со Манчестер Јунајтед Кантона освои четири титули во Премиер лигата. Во интервју за „Атлетик“ Кантона сега откри дека понудил да се врати во клубот, меѓутоа бил одбиен од Ед Вудвард кој тогаш беше вицепретседател, а сега не е во клубот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Имавме средна со Вудвард неколку пати, но тие го одбија мојот предлог. Моето мислење и понатаму е дека во клубот треба да дојде јас или некој друг кој го познава. Минатата година предложив да се промени патот по кој оди клубот и начинот на работ. Ед Вудвард можеби е добар во маркетинг, но не е во фудбал“.

„Јунајтед прво треба да има претседател на клубот, па потоа маркетинг претседател. Мојот предлог беше да бидам претседател за фудбалските работи, како што кажав имавме неколку средби, но бев одбиен“, изјави легендата на Манчестер Јунајтед.

Дресот на Манчестер Јунајтед Кантона го носеше од 1992 до 1997 година, а потоа ја заврши играчката кариера. За „црвените ѓаволи“ настапи на 143 натпревари и постигна 64 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вака ќе изгледа топката на Светското првенство 2026 (Видео)

ФИФА официјално ја претстави топката со која ќе се игра на Светското првенство во 2026 год…