Дома Актуелно Кантона добива претседателска награда од УЕФА

Кантона добива претседателска награда од УЕФА

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската репрезентација Ерик Кантона е добитник на претседателската награда на УЕФА, која традиционално се доделува секоја година.

Наградата на Кантона ќе му биде доделена во четврток на гала церемонија во Монако, кога ќе бидат доделени и наградите за минатогодишната сезона од Лигата на шампиони.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма, туку исто така ве почестува заличноста што сте и што станавте. Личност која одбива да направи компромис, ги брани своите вредности, го изразува своето мислење и, што е уште поважно, го става своето срце и душа за поддршка на оние работи во кои верува“, изјави претседателот Александар Чеферин.

Оваа награда претходно ја имаат добиено фудбалери како Боби Чарлтон, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер, Паоло Малдини…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…