Дома Фудбал Канте: Не мора да ми зборувате дека сум најпрекрасен, јас сум како сите останати

Канте: Не мора да ми зборувате дека сум најпрекрасен, јас сум како сите останати

Н’Голо Канте во изминатите недели е во центарот на вниманието, посебно после маестралното издание во Лигата на шампионите.

За Канте многу се зборуваше. Практично сите се сложуваат дека тој е најскромниот фудбалер во светот.
30 годишниот играч за врска стекна огромна популарност поради своењто залагање на теренот, а како што вели сака да биде само нормална личност.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Настојувам да го работам она што секогаш сум го правел, да бидам природен, да дадам се од себе на теренот и да му помогнам на тимот. Вистина е дека многу слушам дека сум прекрасна личност, но јас сум само нормален човек, еден од многуте играчи“.

„Не мора да се зборува дека сум најпрекрасен, јас сум како останатите. Некогаш е тоа премногу. Се сложувам со соиграчите, имам добар однос со луѓето кои ќе ги сретнам на улица и тоа тоа е тоа. Не треба да се прави преголема работа“, изјави Канте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…