Дома Фудбал „Камп Ноу“ заминува во историја: Барса го менува името на стадионот

„Камп Ноу“ заминува во историја: Барса го менува името на стадионот

Многу европски клубови ги продадоа правата на имињата на своите стадиони, па се чини дека на ред дојде и Барселона.

Според зборовите на претседателот на Каталонците, клубот е во преговори со две-три компании за продавање на правата на името на стадионот.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


„Го продолживме спонзорскиот договор со Беко и следниот чекор се разговори за продажба на правата на името од стадионот. Планираме комплетна реконструкција на стадионот, но не само на стадионот, туку и на овој дел од градот. Преговараме со две-три компании кои ќе ни донесат половина од планираната инвестиција“, откри претседателот Жозеп Бартомеу.

Реконструкцијата на „Камп Ноу“ ќе чини околу 500 милиони евра, но тоа не е единствената причина за ваквата одлука на раководството.

„Една од задачата на клубот е да ги задржиме парите секоја година и да ги реинвестираме во играчи и клупски имот“, додаде Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо има 40 години, но уште е „гладен“ за победи: Не планирам да запрам!

Ал Наср ја продолжува својата предсезонска турнеја во Австрија, каде што интензивно се под…