Дома Фудбал Останато Калиниќ за хаосот во Хајдук: Претседателот не го води клубот, Гатузо еден месец не зборува со него…

Калиниќ за хаосот во Хајдук: Претседателот не го води клубот, Гатузо еден месец не зборува со него…

Никола Калиниќ денеска доби отказ од функцијата спортски директор во Хајдук, хрватскиот ветеран одлучи да открие одредени детали во јавноста.

Калиниќ зборуваше за проблемите во клубот кои како што изгледа ги има многу.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Најдов спонзор да го донесам Селахи иако тоа не е моја работа. Од мојата прва конференција кажав дека нема да носам засилувања туку-така. Одлуката ја донесов со срце, не со глава. Сакав да помогнам Хајдук, но клубот не го препозна тоа, клубот оди во погрешна насока“, изјави Калиниќ.

Не застана тука…

„Не ме замени претседателот Билиќ, тој не е фудбалски човек и ништо не се прашува. Гатузо не разговара со него веќе еден месец бидејќи му вети четири засилувања и не го исполнил ветувањето. Ме фрлија како жртвено јагне, а глувците се сокрија во дупката! Имаше и играчи кои можевме да ги донесеме за нула евра, но не. Дајак и Бенрах се вратија откако цело лето не можеа да најдат клуб“, изјави Калиниќ.

Смета дека него го замениле луѓе кои немаат врска со Хајдук.

„Не знам кој точно ме замени, но претседателот не е 100 отсто. Пред седум дена ми ги покажа пораките на Аљоша Павелин (претседател на НО) против мене. Тие (надзорниот одбор) мислеа дека ќе бидам човек кој ќе клима со главата, но јас имав амбиции да му помогнам на Хајдук“, изјави Калиниќ.

Хајдук со големи амбиции влезе во сезоната, меѓутоа на клубот не му оди, па така по Перишиќ си замина и Калиниќ. Ќе потсетиме во тимот пристигна и Иван Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …