Италијанската Серија А е прикината пред повеќе од еден месец и од тогаш играчите се во карантин во своите домови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сигурно дека за секој од нив ова е необична ситуација бидејќи веќе неколку недели не тренирале, а камоли да играат натпревари.
Нормално, повремено се јавува и досада во затворен простор, но легендарниот Џиџи Буфон има лек и за тоа.
Додека сезоната не продолжи, Буфон времето го поминува со играње видео игри. Судејќи според фотографијата која ја објави на Инстаграм, една од омилените игри му е онаа од светот на “авто-мото“, па затоа користи волан.
Да потсетиме, за сега нема официјални информации за тоа кога ќе продолжи да се игра Серија А, но се верува дека со тренизи ќе се почне на почетокот на мај.
