Дома Фудбал Англија Како Тухел го анализирал поразот од Реал? Со многу чоколадо!

Како Тухел го анализирал поразот од Реал? Со многу чоколадо!

Фудбалерите на Челзи беа убедливо поразени на својот „Стенфорд Бриџ“ во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Реал Мадрид ги победи со 3:1 и си создаде одлична предност пред реваншот.

Овој пораз тешко им падна на сите во клубот, а посебно на тренерот Тухел. Германскиот стратег зборуваше за британските медиуми за начинот на кој ја анализирал снимката против Реал Мадрид.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Педнатниот тренер ја изгледал снимката веднаш по враќањето дома од натпреварот, но и уште еднаш наредното утро.

„Седев во собата во текот на целата ноќ и јадев баш многу чоколадо за повторно да поминам низ целиот тој стрес во натпреварот. Започнав да пишувам и пишувам, запишував буквално се. Во еден момент го притиснав копчето за премотување напред, го убрзав видеото за побрзсо да помине. Во еден момент морав и да ја запрам снимката за да прошетам до кујната и дневната да се смирам“, расакажа Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…