Поранешниот напаѓач на Јувентус Винсент Перикард открива дека добил „шут карта“ од Јувентус за тоа што и испратил порака на девојката на тогашниот потпретседател на клубот Роберто Батега.
Перикард своевремено важеше за еден од поголемите таленти во светот на фудбалот, а посебно во 2000 година кога дресот на Ст.Етјен го замени со оној на Јувентус. Сите сметаа дека пред него е голема кариера, но Камерунецот со француски пасош сега открива дека го уништила една СМС порака.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Имено, тој тогаш и се „пуштал“ на неговата инструкторка по италијански јазик незнаејќи дека таа девојка на потпретседателот на клубот.
„Мојот цел живот надвор од Јувентус беше скандалозен. Јас и уште двајца француски играчи во клубот во тоа време одевме на часови по италијански кај една преубава инструкторка. Една вечер седевме во мојот дом и јас и испратив порака и прашав дали би сакал да излезе со нас“, изјави Перикард за „Сан“ па продолжи:
„Еден час подоцна ми заѕвони телефонот. Беше тоа Роберто Бетега, потпретседателот на Јувентус. Ме праша што си мислам и од каде имам право да и испраќам порака на неговата девојка. Јас не ни знаев дека тоа е неговата девојка. Подоцна ме повикаа на разговор и завршиш на позајмица во Портсмунт. Не ми беше навистина пријатно затоа што одлично ми одеше во Јувентус. Си ја уништив кариерата поради една непромислена СМС порака“, открива Перикард.