Многумина ги запрепасти фактот дека Полска се најде во првиот шешир на ждрепката за СП. Како дојде до тоа, репрезентацијата која не е на светскиот врв да се најде во шеширот со фаворитите за злато?
Се работи за мала измама, односно трик со пријателските натпревари. Имено, откако на ЕП играа во четвртфиналето, Полјаците одиграа само еден пријателски меч, во кој ремизираа со Словенија 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сфатија дека во пријателските натпревари кои исто така се сметаат во ФИФА би можеле да ги изгубат освоените бодови. И додека великаните како Шпанија и Англија играа меѓусебно, заработија милиони и губеа бодови во пријателските дуели и немаа статус на носители, Полска одмараше и ги чуваше своите бодови.
За ФИФА рангирањето се сметаат бодовите освоени во последните четири години и така бодовите се собираат со бројот на одиграни дуели, а во годината мораат да се одиграат најмалку пет натпревари. Сите бодови од последната година се сметаат, од втората година се сметаат 50% освоени бодови, третата 30%, а четвртата само 20%.
Полјаците одлучија во 2017.да не играат пријателски дуели, се додека во септември не се заклучи рокот според кој се одредуваа носителите на СП. Во овој месец одиграа 0:0 со Уругвај и загубија 1:0 од Мексико, но тоа не ги заболи многу бидејќи со својата стратегија претходно се запишаа како шести во изборот на полесни противници за в Русија.