Линоел Меси во изјава за аргентинските медиуми призна дека крајот на сезоната во Барселона му паднал навистина тешко.
Каталонците ја освоија титулата шампион на Шпанија, но доживеаа тежок пораз од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите, а го изгубија и финалето во шпанскиот куп од Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси призна дека крајот на сезоната тешко му паднал, но сега сака максимално да се фокусира на Копа Америка и настапот во дресот на селекцијата на Аргентина.
На Меси не му било лесно ниту дома после натпреварите против Ливерпул и Валенсија, го провоцирал и неговиот син Матео.
„Со Матео секогаш играм фудбал и некогаш сака да ме провоцира со неверојатни изјави. Пред некој ден игравме дома и од никаде ми кажа: Јас сум навивач на Ливерпул кој те победи, доаѓам од Ливерпул. Тоа го правеше и за Валенсија после поразот во финалето, другиот ден ми кажа дека од сега навива за нив. Неверојатен е некогаш ги слави и головите на Реал Мадрид за да го изнервира постариот брат Тиаго“, изјави Меси.
#MessiEnEF: "Mateo grita los goles del Real Madrid para hacerlo calentar a Thiago" ??? pic.twitter.com/HdA9iB9l6K
— TyC Sports (@TyCSports) June 5, 2019