Aглија во вчерашното осминафинале на Светското првенство против Колумбија стигна до победа преку пенал рулетот и така се избори за место во четвртфиналето.
„Гордиот Албион“ имаше водство се до последните моменти од натпреварот кога дефанзивецот на Барселона Јери Мина го совлада Пикфорд, сепак Англичаните беа подобри после изведувањето на пенали. Во Англија во овој момент владее вистинска еуфорија и голем број фудбалски фанови очекуваат токму тие да бидат новиот светски шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес во англиските медиуми се појави интересна вест, а тоа е дека Кристиано Роналдо им помогнал на играчите на Англија конечно да стигнат до една победа преку пенали. Имено, луѓето Фудбалскиот сојуз (ФА) ги советувале играчите на Англија да ја користат татктиката на Роналдо при изведувањето на ударите од белата точка.
Англичаните пенали вежбале уште од март, а Роналдо бил нивниот пример. Често гледале снимки од пеналите на Португалецот и неговата техника одлучиле да ја применат. Така Роналдо на некој начин успеа да им помогне на Англичаните конечно да слават на пенали на едно големо натпреварување.