Дома Фудбал Италија Како пропаднал трансферот на Ауар во Јуве: Се било договорено, еден играч упропастил се

Како пропаднал трансферот на Ауар во Јуве: Се било договорено, еден играч упропастил се

Хоусем Ауар во финишот од летниот преоден рок беше на чекор од заминување од Лион.

Ауар се поврзувашесо неколку европски клубови, но најконкретната понуда на крајот ја испрати Јувентус. „Старата дама“ сакаше да го доведе овој играч во последниот ден од преодниот рок, но не успеа во тоа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека челниците на Јувентус се договориле со Лион меѓутоа трансферот пропаднал поради Фредерико Бернардески.

Како што пишува „Калчомеркато“ Јувентус до Лион испратил понуда од 50 милиони евра и Бернардески и таа понуда од Французите била прифатена. Но, кога требало да се оди на нареден чекор Бернардески одбил да оди во Лион. На крајот тој остана во Јувентус и како што стојат работите нема баш да се наигра оваа сезона.

Бернардески и онака не е миленик на навивачите на Јувентус и не пружа настапи какви што се очекуваат, а со овој потег сигурно уште повеќе ќе предизвика незадоволство кај фановите.

Се очекува Јувентус повторно во јануари да тргне по Ауар кој покрај „старата дама“ се поврзуваше и со Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Богата понуда од Арабија за ѕвездата на Арсенал

Крилниот играч на Арсенал, Габриел Мартинели, може да премине во Ал-Наср, известува Goal. …