Дома Фудбал Италија Како Милан и Ајнтрахт ја „изиграа“ Фиорентина за 12 милиони евра!?

Како Милан и Ајнтрахт ја „изиграа“ Фиорентина за 12 милиони евра!?

Милан и Ајнтрахт Франкфурт пред неколку дена официјално ги потврдија трансферите на Андре Силва и Анте Ребиќ.

Двајцата фудбалери минатата сезона ја поминаа на позајмица во Милан односно Ајнтрахт, па двата клуба ова лето се договорија за целосен откуп на напаѓачите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Притоа, двата клуба направија таков договор со што ја изиграа Фиорентина, која имаше 50% од правата на Анте Ребиќ.

Имено, договорената цена за Ребиќ беше 25 милиони евра, а Милан го доби играчот за НУЛА евра, со цел Ајнтрахт да не и префрли на Фиорентина 12,5 милиони евра.

Од друга страна цената на Андре Силва беше 21 милиони евра, а Ајнтрахт го откупи Португалецот за само 9 милиони евра.

Поради тоа двата клуба одбија да ги објават финансиските детали од двата трансфери, а „Билд“ тврди дека Фиорентина најавила тужба бидејќи се чуствува изиграна.

Сепак, „виолетовите“ не можат многу да се надеваат, бидејќи договорот на двата клуба е според сите регулативи на ФИФА, па Ребиќ може да биде заведен како трансфер од НУЛА евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Садио Мане зборуваше за односот помеѓу него и Салах во Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, исто така ја изнесе својата верзија за односи…