Поранешниот директор на Манчестер Сити, Гери Кук им откри на англиските медиуми како овој клуб случајно испратил понуда за Лионел Меси.
Понудата на Манчестер Сити изнесувала 70 милиони фунти, а Кук бил тој кој на бизарен начин испратил понуда во 2008 година.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Тогаш сопственик бил Таксин Шинаватра, а Кук со неговата десна рака Паиро Пиемпонгсантом разговарал за трансферот и неговиот акцент му направил огромни проблеми.
„Паирол зборуваше со мене на телефон додека го масираа. На лош англиски викаше: „yes, yes, yes, very messy, messy. It’s getting messy“. Јас помислив дека ми зборува дека мораме да се обидеме да го доведеме Меси. На крајот испративме понуда за Меси. Ме побараа од Премиер лигата и ме прашаа дали сум испратил официјална понуда за Меси од 70 милиони фунти. Го побараа и од Барселона да видат дали понудата навистина постои“, откри Кук.
Кук додаде и дека во тоа време Барса ја разгледувала понудата, освен тоа тој е убеден дека доколку оваа бизарна ситуација се случила неколку недели порано договор ќе бил постигнат.