Дома Видео Како ли само успеа: Ова најверојатно е одбраната на годината, а можеби и една од најдобрите во ракометната историја (ВИДЕО)

Како ли само успеа: Ова најверојатно е одбраната на годината, а можеби и една од најдобрите во ракометната историја (ВИДЕО)

Среќа, рефлекс, голмански талент, што и да беше ова, одбраната на Бенјамин Бурќ е една од најдобрите кои ги имаме видено можеби и во ракометната историја.

Мислам дека беше чиста среќа, но му благодарам на Гојун за тоа, се насмеа Бенјамин Буриќ после вчерашниот меч, во кој неговиот Вецлар изгуби од Фуксе Берлин со 31:26.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Неговиот тим не помина добро против момците од главниот град на Германија, но Буриќ кој сезонава е одличен повторно имаше одличен меч зачинет со 11 одбрани, а на 20 минути пред крајот апсолутно ги залуди фановите во салата. Најпрво добро го одбрани скок- шутот на Виде и падна на земја, но топката се одби право во рацете на Гојун.

Но, поранешниот хрватски репрезентативец непречен од никого шутираше од шест метри во се чинеше небранетиот гол, а Буриќ од земја успеа со ногата да одбрани за неверојатна еуфорија во салата и скоро сигурно си се запиша меѓу кандидатите за најдобра одбрана на годината.

-Да, би можела да биде одбрана на година, се смееше Буриќ, кој следната сезона се сели на голот на Фленсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Вардар слави 65. роденден, претстави ново лого! (Фото)

Екипатна Вардар 1961 годинава одбележува значаен јубилеј – 65 години постоење. По тој пово…