Дома Македонски спорт Мак фудбал Како до ЖФК Љуботен? Од каде прекарот Роналдиња? – Првата Бразилка која ќе игра во Македонија зборува за „Спортски“!

Како до ЖФК Љуботен? Од каде прекарот Роналдиња? – Првата Бразилка која ќе игра во Македонија зборува за „Спортски“!

Денес ЖФК Љуботен објави голема вест, за овој клуб потпиша Ана Беатриз Тарантино, која носи прекар Роналдиња.

Таа е прва Бразилка која ќе игра во Македонија што е еден вид историски момент за женскиот фудбал во нашата земја. Токму поради тоа „Спортски.мк“ ја контактираше Роналдиња и со неа разговаравме за: Од каде баш Љуботен, знае ли нешто повеќе за женскиот фудбал кај нас, од каде славниот прекар…

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Знаевте ли дека сте прва Бразилка која ќе игра за Македонија? Како се чувствувате поради тоа?

„Искрено, не знаев за тоа. Навистина сум среќна и почестена. Едвај чекам да започне првенството.

Како дојде до трансферот во ЖФК Љуботен?

„Мојот агент дојде кај мене со понудата и проектот на тимот. Она што ми го кажа навистина ми се допадна и ме привлече. Разговаравме и многу брзо постигнавме договор“.

Знаете ли нешто повеќе за Македонија и женскиот фудбал тука?

„Не знам многу за Македенија. На Јутуб пребарував некои женски тимови и гледав видеа. На тој начин го добив првиот впечаток“.

Што очекувате од новиот клуб?

„Верувам дека ќе имаме одлична сезона и ќе бидеме конкурентни и за титулата“.

Од каде прекарот Роналдиња?

„Тој прекар го носам од детството. Кога имав 10 години играв фудбал со момчињата, бев навистина брза и добра во дриблинзите. Така пријателите ми го избраа прекарот и не ми пречи воопшто“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…