Постојат примери безброј, сведоци сме биле на се. Штом се оствари успех, се отвора и можноста да се заработи. А тука веднаш се отвора и простор се да се упропасти. Египет не е исклучок, па овие денови на северот на Африка – далеку од очите на Европејците, се отвора афера која се заканува да ја наруши добрата атмосфера во таборот на Фараоните. Во средината секако е првата ѕвезда, Мохамед Салах, кој оваа сезона игра и повеќе од феноменално во редовите на Ливерпул.
Проблемот, меѓутоа е што добро знаат и во ФС на Египет, па таму одлучија да заработат на ликот на Салах во во комерцијални цела без дозвола на фудбалерот. И потоа следеше твитер пост кој ги запали социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За жал, начинот на кој го прават ова многу е навредлив. Се надевам на подобро од ова“, напиша Салах, пренесува Ал Џезира Балкан.
Народот очекувано застана во одбрана на фудбалерот „Го поддржуваме Мохамед Салах“. Реагираше и министерот на спорт барајќи решение на проблемот, но во Сојузот не реагираат. Менаџерот на Салах, Рами Абас соопшти дека веќе седум дена чека било каков одговор од Сојузот, а засега ништо.
„Не не повикаа за да дојдеме до решение. Ништо, потполен молк. Само гледаме се повеќе и повеќе плакати и реклами кои се појавуваат, а кои никогаш не сме ги одобриле. Каков резултат мислат дека има тоа“?