Пеп Гвардиола дефинитивно е еден од најзаслужните за напредокот на 26-годишниот репрезентативец на Германија.
Едно од откритијата на Гвардиола е и Џошуа Кимих.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Баерн денес е еден од најважните играчи во тимот, но и репрезентацијата на Германија, а се започна кога Баерн го доведе од Лајпциг.
„Бев многу млад кога дојдов кај Гвардиола, имав само 20 години. Пред тоа играв во втората лига, а тој ми покажа некои позиции на кои никогаш не играв и за кои не ни знаев дека постојат. Исто така ми покажа и простори во играта за кои не знаев дека постојат“, објасни 26-годишниот Кимих.
Многумина се сеќаваат на ситуацијата после мечот помеѓу Баерн и Борусија кога Пеп многу страствено му ги објаснуваше своите тактички замисли на Кимих.